Tату-мајсторот кој го истетовира ликот на Јанчев: Клиентот издржа храбро
Пане Ризов, сопственик на студиото „Булфрог тату” е тату-артист кој што ја изработи тетоважата со ликот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев која стана хит на социјалните мрежи.
За „Фокус”, Ризов раскажува дека изработката поминала лесно и целата процедура траела помалку од четири часа, а обожавателот на Јанчев храбро издржал.
-Желбата на мојот клиент беше да не го откривам неговиот идентитет, инаку, се работи за лице од Кавадарци, добро познато во целиот град, но оставам на него доколку тој се реши да даде интервју и да раскаже кој бил мотивот за ова интересно дело. Инаку, целата процедура се заврши за кратко време, мене идејата да го истетовирам ликот на градоначалникот ми дојде како предизвик, па му дадов околу 60 проценти попуст, односно му наплатив 150 евра. Потребни се уште неколку мали корекции и дополнувања за да ликот биде сосема автентичен, вели тој за Фокус додавајќи дека две години успешно се занимава со тетовирање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа