Костадинов: Само Мицкоски се радува на блокадата од Макрон
Еве ја насловната страница од интервју на Христијан Мицкоски за Вечерњи лист, пораката на Мицкоски е дека одлуката да го блокираат нашиот почеток на преговорите со ЕУ е исправна! Ова денеска на прес-конференција го кажа Костадин Костадинов од СДСМ:
- Цела Европа, цел свет вели дека тоа е историска грешка, само Христијан Мицкоски дека „Макрон е во право кога не блокираше“. Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ. На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата. Граѓаните ќе го казнат ова антидржавно и срамно однесување на Христијан Мицкоски на 12 април. Со таквите ставови Мицкоски уште еднаш потврди дека е заглавен во антизападната матрица на неговиот ментор Никола Груевски. Лицемерие, блеф, лажен патриотизам, антидржавно и антизападно однесување, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е обновата на режимот. Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност. Со таквата понуда Мицкоски со сигурност го очекува пораз на следните парламентарни избори, вели Костадинов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа