Фотографирала човек кој спие во ресторан,па споделила на Фејсбук - не можела ни да претпостави дека ќе му го промени животот (ВИДЕО)

 

Кога една американка видела маж какоспие во Мекдоналдс во Фајтвил, сакала со сите да ја сподели својата лутина на социјалните мрежи, меѓутоа не се ни надевала какви реакции ќе следат.

„Ова е уште една причина да го напуштам Фајетвил. Бев во Мекдоналдс и видов некој тип кој спие во локалот, му кажав на персоналот, но тие рекоа дека е во ред, а јас одговорив дека беш и не е“ напишала Луен.

Сепк кога нејзиниот пост се раширил, многумина ја критикувале, се испоставило дека се работело за бездомник, 21- годишниот Сајмон Чајлдс.

Се дознало дека неговата мајка неодамна починала и дека тој тука се одмарал меѓу смените.

Кога се слушнала неговата приказна, собрале за Чајлдс и неговиот едногодишен син, пелени и облека за бебето, а поединци му понудиле и да престојува во нивните мотели, додека еден сопственик на локалниот ресторан му позајмил кола.

„Ми го променија животот за само неколку дена“ рекол тој.

Полсе месец дена тој и се запознал со Луен која ја постирала и покренала целата акција.

„Не сакав да го повредам, жал ми е за сето тоа што го видов, многу ме погоди“ рекла таа.

Додека пак Сајмон и се заблагодарил за целата ситуација и за тоа што го покренала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2019 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега