Вознемирувачко видео: Моторциклисти возеа со 150 км на час, па следеша страотна сообраќајка
Социјалните мрежи се полни со снимки од различни сообраќајни незгоди, од кои за жал некои се и со смртен исход.
Сепак снимката на која се гледа страотна сообраќајна несреќа на двајца моторциклисти до сега не е видена.
Почнува така што еден од нив вози по пат кон шумски предел, а камерата снима како во еден момент достигнува и до 150 километри на час.
Како тоа само по себе да не е опасно, оддеднаш неговиот колега го поминува, со поголема брзина.
Додека полека изчезнува кон една кривина, камерата од моторот зад него прикажува сцена од сударот со паркиран автомобил, а само секунда подоцна и вториот моторцикл удира во автомобилот.
Засега не е позната судбината на моторциклистите, но е поставен на социјалните мрежи за да се подигне свеста за брзото возење по пат полн со кривини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа