Ана Ивановиќ објави фотка од роденденот, но сите гледаа во еден детаљ (ФОТО)
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, вчера го прослави својот 32 роденден, а за да и го разубави денот, нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер, со прекрасна порака и го честиташе роденденот на Инстаграм.
„Среќен роденден на најпрекрасната сопруга и мајка. Прекрасна година е позади нас, се радувам и на наредните години со тебе и нашето семејство“, напиша фудбалерот.
Тенисерка се „пофали“ и со гламурозното издание по повод роденденската прослава и собра околу 45 илјади лајкови.
„Какви нозе“, „Прекрасна си“, „Магепсана сум, најубавата тенисерка на светот!“ и „Прекрасно изгледаш, а твоите нозе пак…“, се само дел од коментарите на нејзините обожаватели на Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа