ФОТО: Холивудската актерка фатена во најлошо издание - признала дека има наследна болест која ѝ го уништува животот
Американската актерка Лина Данам поминува низ многу тежок период последниве две години - не само што имала сериозна емотивна криза, туку се соочила и со големи здравствени проблеми.
Лина долго страдала од ендометриоза, а токму кога помислила дека конечно успеала оваа хронична болест да ја доведе во ред, се испоставило дека мора да ја извади матката, што значи дека никогаш нема да може да биде бремена.
„Најтешко ми падна сознанието дека никогаш нема да останам бремена. Но не се откажав од мајчинството - можеби ќе можам да добијам дете со помош на сурогат мајка, а ако тоа не ми успее, останува посвојување“, раскажала актерката.
После долгогодишната борба со оваа болест, таа неодамна се соочила со уште една дијагноза - воспоставена ѝ е дијагноза дека боледува од Ехлерс-Данлосов синдром. Станува збор за наследна болест на колагенот, претерана еластичност на кожата и слаби ткива.
Колку е се аларматно најдобро покажуваат папаро фотографиите на кои се гледа дека актерката се движи со бастун, а изгледа сосема непрепознатливо. Таа после овие фотографии одлучила отворено да проговори за се, а на публиката и пријателите им се обратила преку Инстаграм со емотивна порака.
„Можев да се срамам од овие фотографии, но не се срамам. Можев да лажам и да кажам дека е маска за Ноќта на вештерките, но не е . Токму вака изгледаат најтешките моменти во борбата со хронична болест. Да се има Ехлерс-Данлос синдром значи, освен помошта од семејството и пријателите, потребна ми е и помош во болик на бастун. Се спротиставуват на се што ќе ми ја олеснува ситуацијата, како што е бастунот. Изгледаше чудно. И да, ова е дефинитвно ноќница затоа што одев на лекат и сакав да ми биде пријатно. Па зарем Џастин Бибер не носеше хотелски влечки на полни пет години?“, напишала оваа 33-годишна актерка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа