Во Грција е спречен шверц на 153 килограми марихуана
Во Сараде кај Игуменица, грчката полиција запленила 153 килограми албанска марихуана.
Дрогата била пронајдена во возило на брачен пар, на возраст од 22 и 23 години, а била спакувана во 165 пакетчиња. Според полицијата таа од албанска на грчка територија влегла од селото Чифлиг а крајната дестинација била Атина.
Под сомнение дека соработувале со грчката брачна двојка, уапсени се и 37 годишен албански и 22 годишен грчки државјанин.
Деновиве дваесет и две годишен Грк, беше спречен да прошверцува 154 килограми албанска марихуана. Пограничната албанска полиција возилото натоварено со дрогата го пресретнала во близина на албанско-грчката граница кај Саранда.
14.10.2013 - 13:52