Дознала дека има рак на дојка, а 6 часа подоцна се породила: „Видов како лицето на докторката менува бои“
Брук Тејлор за време на бременоста воочила грутка на дојката и веднаш за тоа ја известила својата докторка. Таа не била загрижена. Сметала дека грутката најверојатно е поврзана со бременоста и не ја испратила Тејлор на преглед. Тоа било голема грешка.
Во 38. недела од бременост Тејлор и понатаму се грижела поради грутката, па одлучила да оди кај својата докторка повторно.
-Ја соблеков маицата и ѝ реков дека не ја напушта ординацијата додека не ја опипа грутката. Никогаш нема да го заборавам изразот на нејзиното лице. Можев да видам како менува боја - се присетила Тејлор.
Веднаш ја однеле на биопсија и резултатите биле позитивни на рак на дојка. Откако ја побарала Тејлор за да ѝ ја соопшти дијагнозата, докторката ѝ рекла веднаш да тргне кон болница на царски рез за да може што побрзо да започне со ретман за ракот.
Елси Џејмс Тејлор е родена на 22. јули во 02:04 часот 6 часа откако нејзината мајка дознала дека има рак на дојка.
Со оглед дека има новороденче и прима хемотерапија, Тејлор е прилично исцрпена, но ужива во секој ден.
-Дури сега, после три месеци можам да се поврзам со Елса во мајчинска смила - открила таа во една своја објава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа