Владејачките партии во Грција должат 365 илјади евра за придонеси
Според проверките од првата половина на годинава, грчките владејачки партии Нова демократија и ПАСОК заедно должат 365 илјади евра за придонеси за социјално осигурување.
Министерот за труд Јанис Вруцис соопшти дека проверките на неплатените придонеси во јуни откриле дека Нова Демократија должи нешто повеќе од 256 илјади евра, а ПАСОК има долг од повеќе од 109 илјади евра.
Овие пари партиите ги должат во грчкиот главен фонд за социјално осигурување, кој од 2009 година бележи пад на приходите за околу една четвртина.
14.10.2013 - 14:15