Смилевски: Пред фактите и Боговите молчат, ама и душманите спобудалуваат

 

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски,  со соопштение реагира на изјавата на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ:

„Барам од  Дарко Костовски, само да ги спореди нивните 20 години владеење со Бутел и моите 2 години. Ви го разбирам револтот, но не можам да дозволам Бутел да продолжи да назадува како што беше во вашето време. Пред фактите и Боговите молчат, ама и душманите спобудалуваат. А, во меѓувреме јас ќе продолжам да работам за ИДНИНАТА НА БУТЕЛ со факти:

Факт број 1: Општина Бутел  за изминативе 2 години  има зголемување на приходот за 32% споредбено .

Факт број 2: Реконструирани се повеќе 20 улици, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 14.000 квадратни метри.

Факт број 3: е Реконструкција и проширување на патот од  Бутел до с. Љуботен со должина од 6 км во вредност од  12.965,528,00 денари средства финансирани од буџетот на општина Бутел

Факт број 4: Завршено е уредување, заштита и регулација на оштетениот дел од  речното корито на река Серава во должина од 170м1, при што се оформи каскадниот праг со вградување на бетон во површина од 21.305 м3 и вкупен износ од 6.846.991,00 ден средства исто така обезбедени од општинскиот буџет.

Факт број 5:  Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации во сите  детските градинки на територија на општина Бутел во износ од 16.200.000,00 денари

Факт број 6: Реализираните капитални инвестиции во реконструкции и снации на сите седум  основните училишта се во износ од 33.625.020,00денари.

Факт број 7: Изградена е нова инсталација за осветлување на 19 локации  во должина од 3.382 м со вкупна вредност од 17.693.808,00денари. Пред две години општината беше во целосен мрак.

Факт број 8: Општина Бутел направи набавка од 8.963.966,00 средства одвоени од буџетот на општината за набавка н механизација, кој за жал во ваше време немавте ниту метли за вработените кој работат на одржуавње на хигиената.

Факт број 9:  Поставена е комплетна водоводна мрежа во должина од 7.335 м1 со вредност од 114.313.000,00 денари во индустриската зона Визбегово.

Факт број 10: Во завршна фаза  е реализацијата на 2 ( два) крака од фекална канализација од 5285м со проценета вредност од 150.000.000,00 денари

Факт број 11: Проширен е булеварот  Христијан Тодоровски Карпош  и изградена е  атмосферска, фекална и водоводна мрежа со целосна подземна инсталација и преместување на постоечкаинсталација од гасовод

Факт број 12: Изградена е атмосферска канализација од улица Бутелска до булевар Христијан Тодоровски- Карпош

Факт број 13: Поврзан е булеварот Христијан Тодоровски – Карпош  од крстосницата со улицата,,Натанаил Кучевишки,, до обиколницата.

Факт број 14: Во фаза на изградбата е  новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ чиј проект ќе ја поврзе со булевар Словенија и  булевар Христијан Тодоровски Карпош.

Ветивме подобра иднина за граѓаните и тоа ќе го остварам. Му предлагам на Дарко Костовски убаво да ги прочита реализираните проекти за изминатиов период и барам само едно, да биде искрен пред себе, не мора пред јавноста“, возврати Смилевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега