Столтенберг: Членките на НАТО мора да обезбедат сигурен начин на комуникација
Земјите членки на НАТО и оние кои се стремат да влезат во Алијансата, како што е Северна Македонија, мора да ги задоволат сите стандарди, вклучително и оние за безбеден и сигурен начин на комуникација, вели генералниот секретар на Северноатлантскиот пакт Јенс Столтенберг во интервју за „Гласот на Америка“.
– Тие треба да исполнат одредени барања кога станува збор за цивилната инфраструктура и телекомуникациите, како што е 5Г технологијата, вели Столтенберг, одговарајќи на прашањето за загриженоста околу улогата на Кина во регионот кога станува збор за употребата на нова 5Г технологија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа