Откриени се посмртни останки на четири лица во близина на Дечани
Во селото Растовиќ, во близина на Дечани се окриени посмртни останки на најмалку четири неидентификувани лица за кои се верува дека потекнуваат од времето на војната во Косово.
Како што соопшти Еулекс посмртните останки во саботата, биле пронајдени од Одделението за судска медицина и Единицата за истрага на воените злосторства на Еулекс, врз основа на пријава на граѓани.
„Утврдивме присуство на најмалку четири лица, тројца возрасни мажи и можеби една возрасна жена, рече тој, додавајќи дека тие се третираат „како потенцијално исчезнати лица“, изјави официјалниот претставник на Одделението за судска медицина, Алан Робинсон.
Посмртните останки на површината се наоѓале повеќе години поради што се непотполни и биле многу раштркани.
Како што пренесе Еулекс, таа се надева дека ќе направат дополнителни форензички анализи за да се открие дали ова е првобитното место на одлагање на телата или пак останките се пренесени од друга локација.
Се очекува во блиска иднина да се открие и идентитето на лицата.