Милојко и Милјана се венчаа и покрај сите предрасуди, а сега таа бара развод, поради веста 74- годишниот старец заврши во болница
Милојко Божиќ кој стана познат во регионот поради љубовта со 53 години помладата Милјана, па влегоа во популарното шоу „Парови“ заврши во болница откако му се слошило по веста дека Милјана сака да се разведе од него бидејќи има нов љубовник.
Тие двајцата започнаа врска, па и покрај сите предрасуди се венчаа и беа повикани да учествуваат во шоуо „Парови“, но сега Милјана (21) има ново момче па бара развод од Милојко (74).
Од продукцијата на куќата соопштиле дека на Милојко му се слошило, па морале да реагираат и да го одведат во болница.
- Му се слоши, моравме да го одведеме во болница. Тешко ја поднесе веста дека Милјана сака развод. Веднаш му е пружена лекарска помош, установено е дека притисокот му е многу висок поради стресот кој го преживува во вилата- раскажал близок извор до продукцијата.
Сепак после неколку часа тој се вратил во реалното шоу. Сепак се уште не може да верува дека Милјана ќе го уништио бракот поради Немања Стаматовиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа