Конески: Како што беше ветено, засадени нови 18 јапонски цреши на Максим Горки
Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, продолжува со грижата за зеленилото, рече денеска на прес коференција Дарко Конески од ОО СДСМ - Центар
„Улица Максим Горки повторно го доби својот препознатлив изглед. Како што беше ветено, Град Скопје засади нови 18 јапонски цреши на местото на препознатливиот дрворед.
Откако беше констатирано заболување на старите стебла, и по неусшениот обид истите да се спасат, нужна потреба беше истите да се отстранат. Градоначалникот Петре Шилегов им вети на граѓаните дека отстранетото зеленило ќе се замени со ново, што и се случи во најкус можен рок, и притоа новите дрвја се набавени со помош на донација на ЕБОР, односно не се одвоени средства од Буџетот на Град Скопје.
Се грижиме за зеленилото во градот, и постојано се трудиме да го зголемиме бројот на садници и зелени површини и сакаме еколошката свест да биде подигната на повисоко ниво со што граѓаните на Скопје ќе имаат почист воздух и поквалитетен живот“ рече Конески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа