ВМРО НП бара ДИК да ги исклучи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ од изборниот процес поради кршење на изборниот законик
ВМРО-Народна партија бара Државната изборна комисија да ги исклучи од претстојниот изборен процес политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради кршење на изборниот законик односно поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок, информираат од партијата.
„ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори“, стои во соопштението на партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа