Китев: Мицкоски сака само обнова на „Сваровски“ судството

 

Со вчерашната изјава. Христијан Мицкоски потврди дека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ се противат на ветинг на судии и обвинители. Ова го вели денеска Бетиане Китев, пратеник од СДСМ.

- Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против правдата, не сакаат професионализација на правосудството, независен и ефикасен правосуден систем. Мицкоски е против ветинг, затоа сака да ги спаси судиите и обвинителите кои се го штитат криминалецот во бегство Никола Груевски. Со оваа изјава Мицкоски се става во одрбана на судиите кои одолговлекуваат судски процеси. Спас на Груевски е единствената цел на Христијан Мицкоски. Како по обичај, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна на правдата. Тоа го докажуваат со кочењето на носењето на Законот за јавно обвинителство, го докажуваат и со изјавата на Мицкоски дека ветингот не е соодветно решение за зајакнувањето на капацитетите на правната држава. Јасно е, Мицкоски не сака правда, не сака владеење на правото, не сака профеосналните и чесни судии и обвинители да се одвојат од оние кои се без интегритет и кои професионално ја вршат својата работа, вели тој.

Додава дека Мицкоски сака само обнова на Сваровски судството  кое работеше по налози од белиот дворец, кое монтираше судски предмети и диктираше судски пресуди.

- Тоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да го дочекаат. Граѓаните нема да дозволат обнова на партиски контролирано судство. Неопходен е целосен ветинг во судството. Реформите во правосудството ќе продолжат. По 12 април и победата на колаицијата предводена од СДСМ започнува процес на ветинг за сите судии и обвинители, вели Китев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега