Видео „болно“ за гледање: Пред камера изеде две од најлутите пиперки на светот, но брзо зажали за тоа

 

Мексиканскиот јутубер Хуго Лара Ариас изгубил кладба и морал да изеде две лути пиперки, па на крајот завршил и во болница.

На снимката се гледа како јаде две пиперки од вид кој се смета за најлут на светот, а веднаш потоа почнува да се гуши и кашла.

Жените кои беа со него, најпрвин му се смејат, но кога сфатија дека сериозно не му е добро, веднаш повикаа помош.

Хуго завршил во болница, а после пет часа неговата сестра објавила дека тој се чувстува добро.

„Хуго е стабилен, не знаевеме дека работите може да излезат о контрола“ напишала таа.

Ако е некаква утеха видеото на Хуго досега има половина милион пегледи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега