Николоски повикува на оставки поради скандалот со „Шверцери“: „Тоа е разликата-некој гради, некој уништува“
Во петокот навечер во МНТ навивачите на Шкупи прославуваа 30 години постоење.
Оставка од директорката на Македонскиот народен театар, министерот за култура и одговорност од Зоран Заев, премиерот во заминување, побара потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој како и голем дел од јавноста, е згрозен од видеото на кое се гледа „прославата“ за 30 години постоење на навивачката група „Шверцери“.
-Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери!!! Името на навивачката група сугерира криминал. Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува!!! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен!, вели Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа