Прогласување на најпроактивните земјоделци за 2013

 

Житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство и органско производство. Ова се петте категории во кои денеска на саемот „Технома“ ќе бидат прогласени најпроактивните земјоделци за 2013 година.

Изборот бил извршен преку јавен оглас, а на денешното прогласување ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Кандидатите за категоријата житни култури мораа да располагаат со над 150 декари, за овоштарство над 30 декари, за градинарство на отворено преку 15 декари, за градинарство во оранжерии над 5 декари, за сточарство да имаат најмалку 15 грла, (за овчарство минимум 300), додека за органско производство услов беше да имаат сертификат.

Апликантите се оценувани врз основа на тоа колку земјоделецот применува современи технологии и техники на производство, колкав е просечниот принос по декар, степенот на користење обновливи извори на енергија, начинот на менаџирање на финансиите и континуираното инвестирање во подобрување на продукцијата и ефикасноста во работењето.

Најпроактивните земјоделци ќе добијат вредносен ваучер од 150.000 денари. 

15.10.2013 - 08:22
Фото: 
сител

најчитано сега