ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ангеловска го скроија најмегаломанскиот буџет во историјата на државата
Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најмегаломанскиот буџет во историјата на државата. Власта догодина планира да потроши 4 милијарди евра, велат од ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение утринава.
Од партијата велат дека додека буџетот е зголемен за 200 милиони евра, од стапката капитални инвестиции власта предвидува 43 милиони евра помалку од оваа година.
„Заев предвидува помалку пари за патишта, пруги и гасоводи. Но затоа има над 850 милиони евра за стоки и услуги.
Власта расипнички и недомаќински се однесува со парите на граѓаните, и затоа и одвојува над 180 милиони евра повеќе за стоки и услуги од оваа година. Тоа се пари кои ќе се трошат за привремени вработуваеа, тендери и дневници за функционерите.
И додека се фалат дека буџетот е за граѓаните. Имаме намалување на 17% од стапката за наука. Нема повеќе пари ниту за земјоделците.
Овој буџет е неразвоен и нереален. Тој не ги отсликува реалните потреби на граѓаните и државата“ велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа