Алијанса за Албанците бара оставка од Дескоска за смртта на зaтвореникот од Куманово

 

Од Алијанса за Албанците побараа кривична и морална одговорност за смртта на 22-годишниот затвореник од Куманово.

Тие повикаа надлежните да испитаат зошто на момчето не му било укажана лекарска помош, како и казна за ваквиот случај кој според нив не треба да помине тивко и да се зборави.

„Бараме министерката за правда Дескоска да си поднесе оставка од морални причини, а заедно со неа и министрите Венко Филипче и Арбер Адеми кои според нас се одговорни за смртта на овој млад човек. Секој затвореник има право ако е болен да се лекува надвор од затворската ќелија, да му се укаже лекарска помош, да биде едуциран за своите права и да виде успешно ресоцијализиран. Ова е пример како се кршат правата на затворениците, поради што некои завршуваат и трагично. Иако кај нас државата нема предвидено смртна казна, затворениците се осудени да умрат во мизерните и нечовечки услови“, рече Фарук Авдиу, на прес-конференцијата од пред Министерството за правда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега