ФОТО: Сакала да има поголем задник, па отишла под нож - сега е очајна и мора на ампутација

 

35-годишната Кортни Барнес, танчарка од Мајами, веројатно ќе мора да оди на ампутација на задникот поради деформацијата предизвикана од илегални инјекции. Таа е очајна, но лекарите едноставно не знаат што да прават.

Кортни, позната како МС Мајами на прва инјекција отишла кога имала само 22 години откако слушнала дека може да заработи повеќе пари ако има поголем задник.

После четвртата доза инјекции полимер сфатила дека нешто не е како што треба, кога видела дека задникот буквално и тече. Сега, десет години подоцна, Кортни вели дека е уморна од третирањето како да е кловн и сака да ја поправи својата деформација. Одлучила да се пријави на емисијата „Botched", во која врвни естетски хирурзи поправаат вакви случаи.

Еден од двата хирурзи во емисијата, д-р Тери Доброу рекол:

„Масата која се создала во вашиот задник можеме да ја отстраниме единствено на начин да ви го ампутираме задникот“.

Кортни вели дека жената која ѝ го зголемила задникот рекла дека користела хидрогел за кој д-р Доброу посебно предупредува дека може да има страшни последици.

„Хидрогелот е синтетички полимер, а се вика и поликриламид. Тој гел кога ќе се вбризха во телото, навлекува вода на себе и влегува во ткиво“.

„Иако не звучи толку опасно, ова навистина може да го наруши имунитетот и да предизвика вистинска катастрофа во телото“. Откако го прегледале нејзиното тело, експертите заклучиле дека има грануломе - големи подрачја кои се формираат кога телото не може самостојно да се бори против страните материи. Исто така, веруваат дека пигментацијата на тоа тело исчезнала поради „постапна хиперпигментација“.

Кортни го одбила решението за ампутација и им рекла на докторите дека ќе продолжи да бара друго решение.

Бернес рекла дека на крајот ќе го добие тоа што го сака.

„Подготвена сум да изгледам како девојка од соседството. Уморна сум од злоставување на социјалните мрежи. Можеби во моментов изгледам како наказа, но јас сум сепак човек, ќерка, жена, претприемач и водам живот како сите други. Само сакам луѓето во мене да гледаат личност, а не мојот деформиран задник“.

 
 
 
View this post on Instagram

Boat Party   OUTFIT: @specialcostumes

A post shared by Ms. Miami |Courtney Barnes  (@msmiamitv) on Aug 9, 2019 at 4:51pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2019 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега