Трагедија: Почина млад фудбалер во Србија

 

Младиот фудбалер на ОФК Београд од Крагуевац, Млаѓан Јовичинац почина денеска по долга борба со тешка болест.

На младото момче му била констатирана опасна болест во текот на минатата година за време на подготовките со помладите категории на клубот.

Јовичинац е роден во 2002 година, а во клубот стигнал пред три години како голем талент на позицијата крилен фудбалер.

„Со зборови не можам да ја опишам тагата и болката поради прераното заминување на нашето момче. Засекогаш ќе го паметам како културно, итро, силно и храбро момче. Патувај со анѓелите мил наш“, порача тренерот Драган Вуковиќ.

Погребот на младиот фудбалер ќе се одржи во Крагуевац во сабота од 14 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2019 - 22:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега