Холандската „Вптекс" утре ја отвара фабриката во Македонија
Холандската фирма „Van Puijenbroek Textiel“ утре ја отвара својата фабрика во Македонија. Се работи за фабриката „Вптекс Македонија“ која ќе произведува работна и заштитна опрема.
Холанѓаните утре свечено ќе ја пуштат во употреба фабриката лоцирана во населбата Илинден, која брои околу 50 вработени, а предвидено е оваа бројка да се дуплира.
Од ноември се очекува компанијата да пушти нова производтсвена линија.
15.10.2013 - 12:54
Фото:
Курир