СДСМ: Што финансирале фирми на Камчев, мора да има одговорност за кампањата на Сиљановска
Што финансирале фирми на Камчев, аферата со незаконските 400.000 евра за кампањата на Сиљановска мора да се расчисти. Ова го велат денеска од владејачката СДСМ.
- Што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и Сиљановска? Дали има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ? И покрај молкот во ВМРО-ДПМНЕ, овие одговори треба да ги даде истрагата. Фактите се јасни, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска. Тоа е класично кршење на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка, велат од СДСМ.
Одговорност за оваа афера мора да има, додаваат од партијата на власт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа