Навивачката група „Шверцери“ со документарец: Нека знаат со кој си имаат работа

 

Навивачката група Шверцери на својот Јутјуб канал, по повод 30 години од создавањето на оваа навивачка група, објави документарен филм.


Во 30-минутниот документарец тие споделуваат искуства од минатото, почнувајќи од формирањето, каде зборува и Артан Груби како еден од основачите, инцидентот на Кале (февруари 2011) кој го именуваат како најголема победа за Шверцери, а заврши со повеќе повредени лица меѓу кои имаше и со убодни рани од нож, па се до Саздо кого го именуваат како „момчето од црвените“.

„Секогаш ќе е*еме црвени – Нека знаат со кој си имаат работа.“, може да се слушне во видеото, во кое тие и нагласуваат дека осудените за убиството на Саздо добиле „незаслужена казна“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега