СДСМ: Спроведуваме мерки што трајно извлекуваат од сиромаштија

Преку одговорни мерки и политики СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани. Ова го велат денеска од СДСМ.

- Со реформата во социјалната заштита воспоставивме систем за социјална заштита на семејствата што живеат во сиромаштија и воведовме начин за трајно извлекување од сиромаштија. Го олеснивме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемивме сумата што по овој основ ја добива едно семејство. Воведовме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца од домаќинства со ниски примања. Од воспоставувањето на оваа реформа во мај 2019 детскиот додаток им се исплаќа на 27.130 деца, а образовниот на 8.678 деца, што е за три и пол пати повеќе од претходно.  До крајот на реформата очекуваме околу 70.000 деца да примаат детски и образовен додаток, што ќе биде за 20 пати повеќе од претходно, велат тие.
 
Сето ова го правиме за да ја намалиме детската сиромаштија и да им го вратиме достоинствениот живот на луѓето, преку поддршка при вработување и нивно вклучување на пазарот на труд. 
 
- Грижата за граѓаните кои живеат во сиромаштија е приоритет на Владата предводена од СДСМ. Градиме општество кое отвора еднакви шанси за сите. На прав пат сме!, велат СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега