ВМРО до СДСМ: Каде заврши торбата полна со пари од случајот „Рекет“?

Криминалниот СДСМ е прочитан од граѓаните и му се ближи крајот па затоа Заев се обидува спасот да го најде во дефокусирање со креирање на лажни вести. Ова го велат денеска ВМРо-ДПМНЕ во реакција.

- СДСМ и Заев треба да одговорат на граѓаните за бројните скандали, а не да лажат и измислуваат. Каде заврши торбата полна со пари од случајот „Рекет“? Зошто се уништи добар инсулин? Зошто функционерите на СДСМ не одговараат пред лицето на правдата? Каде одат парите со кои СДСМ ја задолжува Република Македонија? Низа други прашања заслужуваат одговор, вели опозицијата.

ВМРО велат за лагите, измамите и потценувачкиот однос кон јавноста, СДСМ ќе го добие одговорот од граѓаните на 12-ти април.

-Граѓаните ќе стават крај на владеењето на криминалната влада на СДСМ и ќе започне обнова на Македонија, велат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега