Стоилковски: Ако Филипче утврдил сомнителен инсулин, зошто тогаш нема постапка за одговорност

Аферата со валидниот инсулин повлекува кривична одговорност за министерот за здравство и владата на Зоран Заев, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оттука го повикуваме министерот Венко Филипче јавно да одговори на конкретни три прашања:

Прво, кога точно е увезен инсулинот кој е уништен а чиј што краен рок на употреба е до 6-ти месец следната година? Дали министерот знае дека нема инсулин со рок на употреба подолг од 20 месеци и ако е така тогаш инсулинот е донесен во време на оваа власт.

Второ, министерот Венко Филипче да одговори која институција проценила дека се работи за сомнителен инсулин, и поради кои објективни причини оценила така. Нека покаже документ, како што ние го покажуваме овој документ од министерството на кое се гледа дека рокот на траење на дел од инсулинот е до 6-ти месец следната година?

Трето и многу важно, ако министерството оценило дека има сомнителен инсулин, тогаш зошто нема постапка врз тој кој довел до таа состојба или се се завршува со гола реторика после која треба да следи втор вносен тендер за набавка на нов инсулин. Фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин.

Бараме точни одговори од министерот за здравство, рече Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега