"Дојде време!" - Карлеуша се повлекува од социјалните мрежи
Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша стави точка на било какво огласување во јавноста.
Таа преку писмо им се обрати на своите фанови и ги објасни причините за својата одлука.
- Драги фанови, зад мене е прекрасен и возбудлив период и врвот на мојата кариера. На мојот поселден концерт на кој имаше огромна посветеност ми дадовте сила и понатаму да се борам со сите балкански предрасуди, но од сега музиката ќе биде и остане единствениот начин на кој ќе комуницирам со вас, истакна пејачката.
Карлеуша додава и дека дошло време кога мора да се повлече, па до Нова Година нема да се огласува ни во медиумите ни на социјалните мрежи, а потоа како што вели ќе има голем кам-бек.
15.10.2013 - 16:27