Албанија повторно се тресе: Регистриран уште еден посилен земјотрес
Земјотрес од 4.3 степени е регистриран вечерва во Албанија.
Епицентарот бил на 37 км од главниот град Тирана или на 7 км од Рогозина.
Потресот бил на длабочина од 2 км.
Претходно во текот на денот имаше земјотрес со јачина од 2.3 степени, на 5 км од Влора.
Сеизмолошкиот завод вчера наутро во 4 часот, регистрирал земјотрес со средна јачина, од 3.7 степени, со епицентар кај албанскиот град Драч.
17.12.2019 - 21:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа