Митевски: Документот кој е најден во станот на Ременски е собраниски документ кој таа не смее да го носи со себе

 

Во вечерашната емисија „Што не е јасно“, поранешниот директор на УБК, Горан Митевски зборуваше за вчерашната изјава на пратеничката Фросина Ременски, при што рече дека таа ги користи сите можни дозволени и недозволени средства само за да се одбрани и дека документот кој е најден во нејзиниот стан е строго доверлив кој не смее да го носи со себе.

-Кога е некој обвинет ги користи сите можни дозволени и недозволени средства за да се одбрани. Нејзиниот сопруг е сега висок актуелен функционер во АНБ, а во нејзиниот стан при претрес е најден документ строго доверлив кој таа не смее да го носи со себе односно во приватниот стан. Сигурен сум дека тој документ не потекнува од нејзиниот сопруг бидејќи никакви санкции не се превземени против него, туку дека е собраниски документ кој таа не смеела да го носи дома, а по откривањето на тој документ во нејзиниот стан тој документ сега добива на јавност, а таа тврди дека има поднесено кривична пријава во врска со целата акција односно со содржината на самиот документ кој се спомнува, истакна Митевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега