ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во смог, а Заев се грижи за профитот на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил
Скопје се гуши. Македонија тоне во смог. Зоран Заев наместо за здравјето на граѓаните се грижи за профитот на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики, велат утринава преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички е и до 15 пати над дозволеното.
„Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Тетово и Кавадарци тонат во загаден воздух, а граѓаните ги полнат болниците.
Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки:
1. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух нормализира;
2. Инспекциски надзор и затворање на погоните кои загадуваат;
3. Ослободување од работа на луѓе над 60 години, хронично болни и трудници.
Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов веднаш да ги прифатат. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до тука. Потребно е итно делување.
Суштински мерки и проекти за справување со загадувањето ќе има по 12 април, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати со систематско решавање на проблемот со загадувањето“ стои во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа