Филе: На Србија преговорите и се единствена шанса

 

Европа сега ја гледа Србија во ново светло - како динамична држава, одлучна за спроведување реформи и изградба на своја иднина базирана на вредности на Унијата, изјави  комесарот Штефан Филе. Тој оцени дека преговорите за членство и се единствена шанса.

„Србија сврти нова страница: историски договор на Белград со Приштина од април оваа година, важни гестови кон соседите со цел помирување...и над се отворање преговори за членство“,  наведува Филе во авторски текст во весникот „Данас“.

Сепак процесот на преговори со ЕУ може да изгледа технички, со илјадници страници правила, акти и закони кои се анализираат и усогласуваат.

 „Во стварноста тој процес нуди единствена шанса за спроведување реформи и воведување највисоки стандарди во многу области, истакнува Филе. Според него, тој процес ќе бара многу ресурси извесно време, но напорите ќе бидат исплатливи“, вели тој.

16.10.2013 - 09:29