СДСМ: Мицкоски може да ги врати само тефтерчето на Јанкуловска и „Сваровски“ судството

 

Ништо ново од Христијан Мицкоски, неговите ставови се дел од матрица која работи против правдата против интересите на државата. Ова го рекоа од СДСМ.

 - Мицкоски е ист како неговиот ментор во Будимпешта, избеганиот криминалец Никола Груевски. Очигледно на Мицкоски Груевски му недостасува многу повеќе, затоа е целосно посветен на неговите пракси. Мицкоски седи во имотот на Груевски, лицемерно најавувајќи дека би го отуѓил и продолжува со погубните политики на Груевски. 

 

 Ако Груевски сметките за кампања ги затвораше со незаконски долгови од над 3 милиони евра, Мицкоски сметката за кампањата на Гордан Силјановска сметката ја затворил со незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се исплати.  Суштината е дека Мицкоски е против правда и ставен во одбрана на криминалот. Затоа е против Законот за Јавно обвинителство, затоа што неговата единствена цел е да ги одбрани криминалците во ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

 

 Велат и неговите најави дека немал концесии и затоа можел да спроведе реформи во правосудството се лажни лицемерни. 

 - Неговите концесии се мерат во мегават часови, затоа што да не беше политиката, да не беше советник на Груевски никогаш немаше да се стекне со земјиште и концесии за изградба на хидроцентрали.Единствена реформа што Мицкоски може да ја понуди во судството е да го врати тефтерчето на Јанкуловска и „Сваровски“ судството. Лицемерен е Мицкоски и за новот уставно име. Договорот од Преспа не му забранува да се нарекува Македонец кој зборува македонски јазик, со таа разлика што сега државата има офцијално име со признаен и гарантиран идентитет, наместо да биде заведувана под акроним. Нервозното и деструктивно однесување на Мицкоски е олицетворение на очајноста во која е западната ВМРО- ДПМНЕ свесна дека на 12 април ќе доживеат нов пораз на изборите, велат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2019 - 07:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега