Холандската „Вптекс" денеска ја отвара фабриката во Македонија
Холандската фирма „Van Puijenbroek Textiel" денеска свечено ќе ја отвори својата фабрика во Македонија. Фабриката „ВПТЕКС Македонија“ во селото Кадино во Општина Илинден ќе произведува работна и заштитна облека.
Се работи за инвестиција вредна два милиони евра, која започна да се реализира од септември минатата година кога беше поставен камен-темелникот на фабриката во присуство на премиерот Никола Груевски и членови на Владата.
- Мисијата на овој производствен капацитет на ВПТЕКС е да им излезе во пресрет и да ги задоволи очекувањата и желбите на купувачите со систем на брза реакција и одговор. Исто така планираме да развиеме систем на продажба со рентирање и перење на работната облека, соопшти инвеститорот.
Инаку, „ВПТЕКС Македонија“ има 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од 1 ноември со воведување втора производствена линија.