ВИДЕО: Мајка открила генијален трик за чистење мувла и влага - потребни се две состојки
Ако мака мачите со чистењето на купатилото и ви се чини дека ниедно средтво не ја врши својата работа доволно добро, пристигнува спас и тоа од групата која е специјализирана за чистење и трикови во домаќинството.
Имено, една Британка на популарната Фејсбук група Cleaning Tips & Tricks го споделила својот омилен трик за чистење на купатилото, а кој е многу едноставен и без мака отстранува мувла и флеки од влага.
За нејзиниот трик потребно е да имате две работи - памучна газа и избелувач. Газата натопете ја со избелувач, ставете на места на кои сакате и оставете да отстои цела ноќ. Утрината би требало сите грди дамки во целост да исчезнат.
„Избелувачот ќе ја врати белата боја, а оцетот ќе ја уништи мувлата од корен. Затоа фугите дополнително после испрскајте ги со оцет, па резултатот ќе биде уште поуспешен“, додала жената.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа