Ѓорчев: Колку пати Заев се среќавал со Боки13 и Кичеец?
Оваа прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на скандалот и случајот „Рекет“ поврзан со милиони и милиони евра изнуда, случај којшто ја интересира македонската јавност и случај кој има огромен број на неодговорени прашања. Ова денеска го кажа Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
- Овие неколку прашања кои треба да ги одговори Зоран Заев, министерите на Заев, и прашања коишто треба да ги одговорат најблиските соработници на Зоран Заев. Вчера во дел од македонската јавност видовме информации за сведочењето на Зоран Милески – Кичеец. Прашањето е дали навистина тие зборови се зборови коишто ги кажал Зоран Милески – Кичеец? За овие зборови чекаме потврда дека тоа е од судењето на Кичеец. Прашањето е дали е ова веродостојно сведочење и дали се ова зборовите на Зоран Милески? Па по тоа дали и кој од врвот на власта на Зоран Заев му доставил податоци на Бојан Јовановски во врска со истрагата на МВР, дека тој е всушност осомничено лице? Кој му доставил информации на Бојан Јовановски дека има истрага против него? Ако е навистина така, тогаш се наметнуваат и други прашања, дали и колку пати Зоран Заев се среќавал со Бојан Јовановски и Зоран Милевски? Дали, кога и колку пати еден куп министри се среќавале со Бојан Јовановски?, праша тој.
Вели ова се важни прашања кои што се наметнуваат, прашања за кои македонската јавност со право чека одговори?
- Ако ова е веродостоен извадок од сведочењето на Зоран Милески, тогаш Зоран Заев и неговите министри треба да одговорат на сите овие прашања, додава Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа