ФОТО: Кралското семејство објави божиќна честитка, но без Кејт- сите се запрашаа каде е
Војводата и Војвотката од Кембриџ објавија нова фотографија во која честита Божик, а на неа се наоѓаат прицот Вилијам и неговите три деца, прицевите Џорџ и Луи и принцезата Шарлот.
На прв поглед на сите им падна во очи дека ја нема Кејт, но тоа е само затоа што таа е фотографт.
„Среќен Божиќ на сите наши следбеници! Оваа фотографија од војводата од Кембриџ, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи, е направена од војвотката на Кембриџ, во Норфолк, во текот на годинава.“напиша кралското семејство.
Кејт Мидлтон веќе се прославила како добар фотограф и скоро секој празник или детски роенден го обележува со фотографија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа