Вељаноски: СДСМ не им обезбеди економска сигурност на странските компании

На денешната собраниска седница, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски посочи дека жали зошто секогаш на седниците е присутна заменик-министерката, а министерката за финансии само се слика по настани.

-Класичен потег на владата е одвраќање на странските инвестиции. Рамен данок имаше па вие воведовте прогресивен данок и фалејќи се тука дека на тој начин ќе ја зајакнете средната класа, богатите ќе плаќаат, ги потсети Вељаноски пратениците од СДСМ.

Додаде дека за неполна година СДСМ се врати на старото решение на рамниот данок.

-Ви укажуваа, коморите, странските компании, домашните комори, и германска стопанска комора ви укажуваше дека е лошо решение вашиот закон за прогресивен данок бидејќи така се одвраќаат инвестициите, истакна Вељаноски.

Образложи дека СДСМ не им обезбеди економска сигурност на странските компании.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега