Димовски: СДСМ велеше дека прогресивниот данок е лек за се, но ефектите беа катастрофални

Пратеникот Илија Димовски од собраниската говорница обрати до неколку пратеници од владејачкото мнозинство и заменик министер за финансии, каде што посочи дека сака да говори за она што стопанските комори го коментираа во врска со лудите чекори на власта во економијата.

-Стопанските комори велат дека најголем проблем покрај тешките последици од воведувањето на прогресивниот данок, најлудо во целата работа е економската неизвесност, нагласи Димовски.

Додаде дека власта пред десетина месеци воведува прогресивен данок со 300 фалби.

-СДСМ велеше дека прогресивниот данок е лек за се, ќе ги реши сите проблеми во Македонија. Ефектите од сето тоа беа катастрофални. Имате помала наплата на данок, фирми бегаат до Македонија се пререгистрираа дури и во Косово. И луѓе си отвораат трансакциски сметки надвор од Македонија за да не го плаќаат прогресивниот данок, заклучи Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега