Костадинов: Со неодговорни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцираат ново вето од Грција

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивното однесување и нанесува директна штета на граѓаните и на целата држава, рече денеска на прес конференција Костадин Костадинов, потпарол на СДСМ.

Тој рече дека со блокадата на Законот за одбрана, Мицковски и неговите пратеници го кршат Уставот и го загрозуваат остварувањето на нашиот сон - членството на Македонија во НАТО.

„Со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцираат ново вето од Грција.

На Мицковски и на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им пречи уставното име Република Северна Македонија кога државата треба да стане 30. членка на НАТО, но не им пречи кога во Европската народна партија, се впишани како партија од Република Северна Македонија.

Им пречи уставното име дома, а не им пречи уставното име и преспанскиот договор надвор при службени посети и средби.  

Им пречи уставното име кога треба да гласаат за Законот за одбрана, а не им пречи уставното име кога треба да земат плата од Собранието на Република Северна Македонија.

Ова е врв на лицемерните и деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставното име на нашата држава?

Кога го блокираат Законот за одбрана, а со тоа и нашето зачленување во НАТО затоа што пречи уставното име?

Или кога се потпишуваат и ја гласаат оваа Декларација за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, која е под уставното име Република Северна Македонија.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски е еден од предлагачите на оваа Декларација, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја гласаа?

Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политикантство и да го поддржат Законот за одбрана затоа што тој е важен и за нашето членство во НАТО, но е уште поважен за припадниците на нашата армија.  

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано и на секој начин покажуваат дека се против ЕУ и НАТО, против напредок и интеграција, а единствено работат на заштита на криминалот во сопствените редови.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски се прочитана книга. Казната за нивната деструктивна и лицемерна политика ќе дојде многу брзо. Граѓаните се определија за членство во НАТО и брзи евроинтеграции“ рече денеска Костадинв.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега