СДСМ: Вистински се грижиме за земјоделците

Владата предводена од СДСМ секојдневно покажува дека вистински се грижи за сите граѓани, потврда за тоа се бројните мерки и политики кои успешно ги реализира во сите сектори. Ова денеска го велат СДСМ.

 - Во таа насока е и исплатата на субвенциите за предадено млеко на 7.877 фармери, на чии сметки пристигнаа вкупно 222 милиони денари. Тоа се субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, млеко предадено на преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018 – та година. Со оваа исплата, се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година се исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и за субвенциите за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар. За само 2.5 години, Владата предводена од СДСМ исплати вкупно 331 милиони евра финансиска поддршка во агро секторот, без селекција, транспарентно, на сите оние кои исполнуваат услови за финансиска поддршка, велат тие.

 

Додаваат дека СДСМ останува посветено да работи во насока на модернизација, развој и поддршка на земјоделството и земјоделците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2019 - 17:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега