Мицевски до Заев: И на минатите избори рековте дека ќе си заминете ако добиете и еден глас помалу од ВМРО-ДПМНЕ, но останавте

Денес на собраниската седница, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски го праша премиерот  Заев дали би прифатил да биде кандидат за мандатар.

- Дали ќе прифатите  да бидете мандатар и доклку изгубите и бидете поразени да се повлечете од политиката. На минатите избори велевте „доколку имам еден глас помалку од ВМРО-ДПМНЕ  јас си поднесувам оставка“ но како и секогаш не направивте така. Денеска прашав конкретно и повторно не добив одговор.

Доколку победите направете влада, но вие се плашите и се криете позади пратеничкиот имунитет и се плашите од правдата- рече Мицевски

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега