ВИДЕО: Се појавија лажни снимки од апсењето на „Малчанскиот бербер“ лоциран во шума
На социјалните мрежи се појавија снимина кои навидно е прикажан киндаперот на Моника Каримановиќ, Нинолав Јовановиќ, познат како Малчанскиот бербер кој бега од полицијата, а заедно со снимката објавено е дека и тој е уапсен, но според наводите на српски Телеграф се работи за лажни информации.
Постојат неколку снимки кои не се разликуваат многу, а наводно направени се со термовизиски камери. На нив се гледа човечка силуета како иде од куќа до куќа, како да се обидува да се скрие. Па бидејќи не наоѓа засолниште во нив, се дава во бегство низ шумата.
Во еден момент, човекот легнува на земја, а потоа станува и ги крева рацете како да се предава. Тогаш му се доближува куче.
Снимките се појавија на „Јутјуб“ вчера со прашање, „Дали е ова Берберот од Малчин“ како и дека тој е уапсен.
Иако верните познавачи велат дека се работи за инсерти од видео игра, видеото веќе има повеќе од 160.000 прегледи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа