Се бара најквалитетен концесионер за Македонското село

 

Македонската Влада ја започна потрагата за концесионер кој ќе стопанисува со Македонското село кое се гради во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“ на Водно. За таа цел Владата заедно со стопанските комори и туристичките комори организираа јавна расправа чии заклучоци ќе бидат дел од конкурсот.

- Со изградбата на овој туристички производ и атракција во Скопје ќе се комплетира туристичката понуда, изјави министерот за економија Ваљон Сарачини на денешната јавна расправа и додаде дека со него ќе се зголеми бројот на туристи во Скопје.

Мила Крстевска од Стопанката комора за туризам смета дека овој проект е добар почеток за една туристичка тура на Скопје, додека  Ферхат Барбери, претседател на Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија, смета дека ова е проект кој и недостига на Македонија, а во кој ќе се промовираат културно-историските вредности и туристичката понуда на земјата.

Инаку, предвидено е Македонското село да содржи 12 куќи кои ја претставуваат автентичноста на секој од регионите во земјава. Се простира на 12.000 метри квадратни. Вкупната инвестиција е 296 милиони денари, обезбедени од Владата на Република Македонија. Покрај куќите, ќе содржи и музеј, амфитеатар, сувенирница, воденица, трла...

Изградбата на Македонското село ќе заврши во јануари идната година.

16.10.2013 - 14:02

најчитано сега