СДСМ: Режим никогаш повеќе, јасно е дека ВМРО не смениле ништо
Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е управувана од Будимпешта и се уште е заглавена во режимската, груевстичка матрица. Ова преку соопштение го велат СДСМ.
- Тимот на Цветан Трипуновски против кого има кривична пријава за злоупотреба на 170.000 едвра, е олицетворение за погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството кога цели 11 години кога земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ се богатеа на сметка на макотрпниот труд на земјоделците. Наќе Чулев пак, којшто сега е во МВР, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во „Диво Насеље“. Оваа хипотека на Чулев ќе има негативни импликации во јавноста и кај вработените во МВР но СДСМ нема да дозволи ништо да го загрози изборниот процес ниту сигурноста на граѓаните Тимот на Рашела Мизрахи е составен од лица кои се познати во јавноста како дел од режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ и биле дел од креирање на погубниот проект Скопје 2014, соработници на Диме Спасов и одговорни за омаловажувањето наиромашните, стечајците и пензионерите, велат тие.
Дури и самата Мизрахи ги понижи жените на првиот ден од нејзиното назначување, а потоа покажа дека воопшто не знае како функционира работата на Министерството за труд и социјална политика.
- Дополнителната заменичка министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска со години шири лажни вести на прес конференции од белиот дворец, а учествуваше и на партиските протести пред судот кога бранеше криминалци од ВМРО-ДПМНЕ. Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април. Режим никогаш повеќе, велат СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа