СДСМ до ВМРО: Граѓаните добро се сеќаваат на режимот

 

ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од стегите на груевистичката матрица и не може да се помири дека денес институциите функционираат професионално, ослободени од притисоци и закани. Ова го велат СДСм денеска.

- Партизацијата на институциите беше апсолутен симбол на 11 годишното режимско владеење на опозицијата, кога вработените во администрацијата беа користени исклучиво за партиски цели. Згора на се ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со бројки, ги криеше вработувањата и не вработуваше согласно со годишните програми на институциите. Разликата помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од евидентна. Владата предводена од СДСМ јавно ги соопштува вработувањата на неопределено и определено време, базирани на официјален извор на информации. Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во месеците ноември и декември 2019 година, бројот на вработени на определено и неопределено време, на кои им престанал работниот однос, изнесува 6.460, а во исто време бројот на вработени кои засновале работен однос, изнесува 6.015. Ова значи дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор е намален за 445 лица, велат тие.

Додаваат дека секое вработување во јавната администрација се врши согласно годишните програми на институцијата и се запазуваат сите законски регулативи.

- Соочени со убедлив и извесен пораз на претстојните парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бараат алиби. Граѓаните многу добро се сеќаваат на режимското криминално владеење на опозицијата и го препознаваат и во сегашните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, затоа на 12 април јасно ќе порачаат – режим никогаш повеќе, додаваат СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.01.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега