Трагедија во центарот на Крагуевац: Маскиран маж излегол од продавница и среде улица си го пресекол вратот
42-годишниот Н.С. во маскирано одело утрово извршил самоубиство пресекувајчи си го вратот во центарот на Крагуевац.
Пред да се пресече тој влегол во блиската продавница, купил намирници, но одбил да ги плати. Извадил нож и почнал да ѝ се заканува на продавачката, наводно и ја бркал низ продавницата, а потоа излетал на улица.
Полицијата набрзо стигнала на лице место по пријава на граѓаните кои го виделе дека држи два ножа.
Меѓутоа, иако се обиделе да го смират и наговорат да го фрли оружјето, мажот едниот нож го свртел кон нив, а другиот си го ставил себеси на врат и си го пресекол грлото.
Веднаш паднал облеан во крв.
Иако Итната помош веднаш дошла на лице место, на несреќниот човек му немало спас. Неофицијално тој имал психички проблеми и себеси си го одземал животот во нервно растројство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа