ВМРО-ДПМНЕ: Нема функционер во СДСМ кој не си ја вработил целата фамилија на локално или државно ниво
Од ВМРО- ДПМНЕ преку соопштение пишуваат дека овие неколку факти го одбележаа денот:
1.Непотизмот владее во Прилеп, нема функционер во СДСМ кој не си ја вработил целата фамилија на локално или државно ниво.
- Република Македонија е единствена држава во Европа, во која кодошите на комунистичкиот режим кои местеа луѓе и уништуваа човечки судбини, наместо осуда, ќе добијат и пари од државата.
- Програмската трибина на СДСМ Агенда- Култура 20-24 е уште еден показател за безидејноста во културата.
- Пуленот на Љупчо Николовски и Трајан Димковски со закани до инспектор во Инспекторатот за земјоделство со зборовите: Да ја скинеш концесијата или да си дадеш отказ!
- Владата и самиот Оливер Спасовски да одговорат во кое својство Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул?
- Макрадули не верува во мерните станици кои не се под државна капа и смета дека загадувањето е драстично намалено, но Скопје повторно е на листата на најзагадени градови!
- Вработените во Психијатриската болница Демир Хисар заборавени од Филипче!
13.01.2020 - 21:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа